Петар Печков
Објавено: петок, 03 јули 2009
- Македонската репрезентација на СП во Хрватска, со посредство на спортскиот канал ДСФ беше често присутна на тамошната јавност. Добрите игри не останаа не забележани, така што морав добро да размислам каде ќе ја продолжам кариерата, бидејќи ме бараа повеќе тамошни клубови. Се решив за Балинген поради близината на местото каде досега живеев, така што не ќе морам да се селам далеку. Се разбира добра беше и финансиската понуда – изјави Темелков леворакиот крилен напаѓач на македонската репрезентација.
Во новиот клуб бил ангажиран и репрезентативниот голман на австриската репрезентација, потоа французин и романец а цел на екипата е средината на табелата. Тој ги пропушти јунските настапи во квалификациите за ЕП во Австрија 2010 поради повреда на коленото и според докторите тоа е веќе минато. Веќе се подготвува за првиот тренинг во новата средина закажан за 13 јули. Верува дека сегашната репрезентација има потенцијал за големи достигнувања и најавува дека со добра работа и поддршка од сојузот ќе можат тоа да го покажат на теренот.
