Петар Печков
Објавено: петок, 14 март 2008
- Преку оваа пресуда судството се покажа дека е продолжена рака на полициската постапка, која беше монтирана против угледниот и респектиран хирург д-р Нацев. Со ништо во овој п?оцес не се докажа дека тој побарал подарок а уште помалку дека примил пари. Напротив во постапката се покажа и докажа дека банкнотите, 250-те евра воопшто не се допрени од обвинетиот. Тој и не знае каде биле ставени. Тие биле подметнати од полицискиот соработник во отворената фиока на бирото, кое не се заклучува а е заедничко за тројца доктори од канцеларијата – изјави бранителот Антонијо Димитровски. За него е спорно што не се земени отпечатоци од обвинетиот и од парите, што е доказ за тоа дека случајот е монтиран од страна на полицијата.
По изрекувањето на пресудата на хирургот Нацев му се слоши. Тој во завршниот збор рече дека е невин, и дека ниту побарал ниту земал пари а овој случај му го нарушил здравјето и угледот. Од судот побара да се има предвид фактот што за некој месец заминува пензија и дека имал повеќе од 10 илјади успешни операции во кариерата. Обвинителството пак потсети дека д-р Нацев е повратник бидејќи веќе еднаш има исто такво сторено дело, за што има одлежано затвор, но ја повлече забраната за вршење на професијата.
Доктор Никола Нацев е претседател на Здружението на лекарите на општина Велес, началник на хирушкото одделение и член на Советот на општина Велес од ВМРО-Македонска.
