„Ѕвездите пеат за живот, за иднина, за Велес“

Петар Печков

Тие на овој начин потсетија на еколошката катастрофа која на градот му се случуваше со години, но и на потребата за лекување на децата од градот. Концертот беше насловен „Ѕвездите пеат за живот, за иднина, за Велес“, а го организираа повеќе невладини организации од Велес и од земјава, како и Општина Велес. Музичкиот хепенинг се одржи во спортската сала „25 Мај“, и се собраа околу 150 илјади денари. Средствата се наменети за потребите на болните деца од Велес кои се разболеле како последица од децениското загадување на градот. На концертот настапија Дарио, Александар Митревски, Врчак, Мартина, Виолета Томовска, Блага Петреска, Мартин Коцев, Јасмина Мукаетова. Концертот финансиски го помогнаа Жито маркети, АД Жито Вардар и МИ Брако.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати