Петар Печков
Објавено: петок, 27 март 2009
Иако со брат ми не живеевме повеќе години, не значи дека не го сакам. Се каам за тоа што го сторив, во притвор четири пати се обвидов да се самоубијам бидејќи многу ми е жал за братот – изјави Зоран Тодоровски. Ове негови зборови ја трогнаа неговата мајка, коај е со нарушено здравје и се онесвести. Тој при давањето на изјавите не покажа многу емоции, за разлика од сопругата на убиениот, која низ солзи ги раскажа сите детали од убиството.
Зоран беше шофер и претпалднето си дојде дома по десетдневно отсуство, сакаше да одмори. Но околу ручек се слушаше гласна музика од долниот спрат. Тој на ова реагираше со тропање по подот. Се качи татко му, а Ане луто рече да го смират синот Зоран бидјеќи вака не се живее. Потоа само видов сенка и сопругот ми падна на раце со зборовите, ме закла.
Сведок на смртта беше синот Виктор, кој само што стигна од училиште и немаше време да се израдува на татка си. Тој и денес ги чувстува последиците од овој миг, поради што го носам на психијатар – изјави сопругата Павлина Тодоровска низ солзи и во чии прегратки починал сопругот Ане. Таа по настанот се иселила од семјната куќа бидјеќи таму имала лоши спомени. И таа и свекорот Ѓоре, татко на убиениот Ане и убиецот Зоран, посведочија дека нарушените односи помеѓу браќата се поодамна поради тоа што Зоран украл злато во вредност од 500 евра од Ане. Но не беа согласни дека музиката била гласна. Таткото Ѓоре причините за убиството ги припиша на лошиот живот на Зоран кој уште од мали нозе, од 15 години влегол во шемата на лихварите.
Поради неговите долгови целото семејство со години ги чувствувало проблемите и се задолжувало, Зоран имал и условна затворска казна, за се да се заврши со кавга и убиство. Тоа се случи на 5-ти декември минатата година кога Зоран во семејната куќа, на влезот од спратот со три убода од кој еден во срце го уби брата си Ане. Братоубиството се случило околу 16 часот, во куќата на улица Љубљанска, по семејна расправија. Зоран го пробол постариот брат двапати со нож во стомакот и во градите по што избегал од дома. Ане искрвавил до смрт, а Зоран се обидел да се качи во такси. Таксистите одбиле да го возат кога го виделе крвав и со нож, по што тој почнал да трча и да се крие по темните улици и на Вршник, каде што го фрлил оружјето.
Полицијата го фатила осомничениот кај паркингот кај ЕВН-ЕСМ. Зоран пружил отпор при апсењето поради што полицајците примениле сила. Подоцна Зоран го покажал местото каде што го фрлил ножот. Ане бил женет и татко на две деца, од кое помалото има само три месеци. Психијатриското вештачење покажало дека во моментот на чинот Зоран Тодоровски бил целосно пресметлив и свесен за последиците поради ова тој ќе биде во затвор следните 13 години. Пред една година во друг случај Левко Картинов доби 15 години затвор за убиството на својот брат Драган и за обид за убиство на снаата Виолета.