44-те Рацинови средби

Петар Печков

Годинашен добитник на Рациновото признание за 2007-ма година за делото „Патот од себеси“ е писателот Коле Чашуле.

На официјализирањето на наградата присуствуваше лично и добитникот, кој потсети дека извесен дел од животот минал заедно со Коста Солев Рацин и дека нив двајцата ги поврзува длабоко и искрено пријателство.

- Од Кочо научив да не се помирувам со глупоста, со наредбите, на неговата борба да го развива сопственото мислење дури иако на другиот не му се допаѓа. Рацин е човек кој преку пишувањето војуваше, тој е востаник, најсветла фигура во тој период. Голема чест е што добив признание што го носи неговото име - изјави Коле Чашуле.

Неговото дело „Патот од себеси“ во издание на „Слово“ помеѓу 18-те пријавени трудови, прозни остварувања отпечатени помеѓу две Рацинови средби, комисијата во состав Велес Смилевски, Ефтим Клетников и Петре Бакевски едногласно реши да биде годинашниот добитник на нагрдата „Рациново признание“.

Тоа ќе му биде доделено на 8-ми јуни кога во Велес ќе се одржат 44-те Рацинови средби.

Добитник на Почесното Рациново признание за афирмација на македонската литература и јазик надвор од границите на земјава е српскиот автор д-р Мирољуб Стојановиќ.

Од содржините на манифестацијата најавен и меѓународниот поетски митинг, со учество на автори до Србија, Црна Гора, Бугарија, Албанија, Грција и Македонија.

И годинава ќе се случи музички портрет, овој пат на Зафир Хаџиманов, кој заедно со неговиот син и сопруга ќе одржат концерт во Велес.

Поврзани »

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати