петок, 27 јуни 2008 1641
Родителите на децата албанци реагираат на уписот за прва година Гимназија, откако десетина ученици се одбиени во гимназијата Кочо Рацин во Велес.
петок, 27 јуни 2008 1149
Здружението на прволигаши, на денешната Седница, одлучи Првата лига во следната сезона 2008/2009да се зголеми на 12 екипи.
петок, 27 јуни 2008 1112
Во рамките на прославата на 20-годишнината од возобновувањето на театарот „Скрб и утеха“ во црквата Свети Пантелејмон во Велес, на 1 јули(златец) ќе биде одиграна преставата „Сердарот-засекогаш љубов“...
петок, 27 јуни 2008 1039
Метрудхем ДООЕЛ Скопје го купи МХК Злетово во стечај, така реши Собранието на доверители отако со мнозинство гласови е донесена оваа одлука, која е соопштена на огласната табла на Основниот суд во Велес, а по пристигнувањето на писмените одговори на дел од доверителите.
среда, 25 јуни 2008 1207
Динамичната кула, која ќе биде изградена во Дубаи, ќе има 80 апартмани кои ќе ротираат независно еден од друг.
сабота, 21 јуни 2008 1761
Овде се уловени дел од најлошите знаци, натписи, светлечки реклами :))
сабота, 21 јуни 2008 1401
Дебата на радио Благоевград во врска со постоењето на Македонско малцинство во Бугарија! За разлика од екстремистите и националистите кои се многу малку во Бугарија обичниот бугарски народ признава Македонско малцинство во Бугарија!
петок, 20 јуни 2008 1702
Сигурносните рампи на патните премини од железничката пруга Велес – Гевгелија два дена не работа. Поради ова возовите минат преку необезбедените премини а граѓаните стравуваат за нивната безбедност. Трите премини се на најфрекфентните улици во градот, на кој има многу минувачи. Надлежните од МЖ објаснуваат дека причина за вавката состојба се жештините и поради нив не е сигурно ни кога ќе се отстрани дефектот.
петок, 20 јуни 2008 1106
Тендерот и продажбата на велешка Топилница треба да ги испита Антикорупциската комисија и Владата на Република Македонија, ова го побара новоформираното тело Одбор за спас на Велес. Во него влегуваат дваесетина граѓани на Велес, советници, доктори, познавачи на проблематиката на животната средина. Повикувајќи се на уставното право на здрава животна средина, велешани побараа итна средба со претставниците на Владата а ја осудија продажбата на Топилницата.
петок, 20 јуни 2008 2251
Десет жени од Велес се вработија откако отворија свои фирми преку проектот „Семеен бизнис“ финансиран од Финската Влада. Тие за оваа намена добија по 4,5 илјади евра неповратни средства и веќе започнаа со работа.