сабота, 21 јуни 2008 1761
Овде се уловени дел од најлошите знаци, натписи, светлечки реклами :))
сабота, 21 јуни 2008 1401
Дебата на радио Благоевград во врска со постоењето на Македонско малцинство во Бугарија! За разлика од екстремистите и националистите кои се многу малку во Бугарија обичниот бугарски народ признава Македонско малцинство во Бугарија!
петок, 20 јуни 2008 1702
Сигурносните рампи на патните премини од железничката пруга Велес – Гевгелија два дена не работа. Поради ова возовите минат преку необезбедените премини а граѓаните стравуваат за нивната безбедност. Трите премини се на најфрекфентните улици во градот, на кој има многу минувачи. Надлежните од МЖ објаснуваат дека причина за вавката состојба се жештините и поради нив не е сигурно ни кога ќе се отстрани дефектот.
петок, 20 јуни 2008 1106
Тендерот и продажбата на велешка Топилница треба да ги испита Антикорупциската комисија и Владата на Република Македонија, ова го побара новоформираното тело Одбор за спас на Велес. Во него влегуваат дваесетина граѓани на Велес, советници, доктори, познавачи на проблематиката на животната средина. Повикувајќи се на уставното право на здрава животна средина, велешани побараа итна средба со претставниците на Владата а ја осудија продажбата на Топилницата.
петок, 20 јуни 2008 2251
Десет жени од Велес се вработија откако отворија свои фирми преку проектот „Семеен бизнис“ финансиран од Финската Влада. Тие за оваа намена добија по 4,5 илјади евра неповратни средства и веќе започнаа со работа.
среда, 18 јуни 2008 1410
Ниту новиот тендер за продажба на велешка Топилница не донесе решение за некогашниот индустриски гигант. На него се јавиле две фирми, а откако турската ,,Јалум Дистричарет“ од Искендер беше дисквалификувана, отворена е финансиската понуда на скопското друштво за производство и трговија „Метрудхем“ ДОЕЛ Скопје за 2,25 милион евра.
вторник, 17 јуни 2008 1458
На месноста Лопушник, на 13-ти јуни, со положување цвеќе и пригодна програма беше одбележана 65-тата годишнина од трагичната смрт на поетот и револуционер Коста Солев Рацин и 100 годишнината од неговото раѓање.
понеделник, 16 јуни 2008 1388
Во рамките на промо турнејата низ Македонија, Вип и Водафон во Велес ни донесоа вистинска формула 1.
понеделник, 16 јуни 2008 1220
Десетина македонски издавачи на велешани им ги понудија нивните изданија во единствената книжарница под отворено небо.
четврток, 12 јуни 2008 1958
Велешани ги пуштија црните балони во небото со што ги пуштија и лошите настани од минатото и запалија свеќи за сите починати како резултат на 30 годишната работа на Топилницата