Петар Печков
Објавено: понеделник, 18 мај 2009
Таа како благајник во фирмата, во период од три години од февруари 2002-та до април 2005-тата, додека сопственикот бил во болница, со преправка на фактури, со фалсификување потпис и без овластување противправно присвоила 2,5 милион денари, кои со пресудата ќе треба да ги врати во целост.
Андовска во 25 наврати од две велешки фирми за нејзини потреби купила стока во висина од 632 илјади денари, при што на списокот се телевизор, клима уред, регал, фотелји, маса, столици, музички систем, фрижидер, бојлер, златен накит,15 своч часовника, десетина скапи парфеми.
Таа 11 пати ги преправала готовинските налози со допишување на бројки пред нив со што си присвоила 141 илјади денари и во 14 наврати фалификувала потпис за готовинска исплата и земала 1,75 милиони денари.
Откако сите овие дела што таа ги сторила биле докажани, Основниот суд во Велес, Андовска ја прогласи за виновна и и одреди казна затвор во времетраење од една година.
