Петар Печков
Објавено: вторник, 30 декември 2008
Зоран тоа го сторил по наводната вербална расправија со Ѕвонко и псовките кој тој ги упатил на сметка на неговото семејство, по што Андоновски посегнал по пиштолот марка застава ЕТ 6,35 мм, кој го поседувал без дозвола и испукал два метка. Едниот завршил во пределот на вилицата другиот во рамото по што Велковски бил пренесен во велешката Болница од каде потоа е префрлен на Клинички центар Скопје – максио-фасцијална хирургија, но според докторите тој не е во животна опасност.
Сторителот на инцидентот Зоран Андоновски е приведен во полициската станица во Велес каде се работи на расчистување на случајот. Велковски утрото со службениот камион на ЈП Македонски Пошти се упатил за Солун - Грција каде требало да ја предаде дневната пратка на писма и пакети и да ја зема оттаму поштата за Македонија. Андовски побарал од него да го пренесе до Кавадарци, од каде биле неговите кумови. По пат започнала расправија кога завршила со пукање. Андоновски застреланиот колега сам го донел во Болницата. Поради увид на камионот до пладнето тој беше во Велес и не беше познато кога ќе ги испорача новогодишните подароци со кој беше полн за соседна Грција.
На местото на увидот беа и првите луѓе на ЈП Македонски Пошти од Велес, кои беа изненадени од пукањето. Тие само кратко изјавија „затекнати и зачудени сме од ова што се случи“. Андовски за ова пукање заработи две кривични приајви од СВР за убиство во обид и за нелагално поседување огнено оружје.
