Никола Солев
Објавено: четврток, 18 септември 2008
Весна Мирчевска, Ѓоше Хаџинаумов и Трајче Кочов се првите студени кои дипломирале на една високо образовна институција која работела во Велес. Сите тројца студенти дипломираа на отсекот осигурување кај професорот Климе Попоски, имаат просек на оценки повисок од 9,4 и се првенци на првата генерација.
Тие веќе од есенва ќе можат да се запишат на постдипломски студии на Факултетот за туризам со дисперзирана настава во Велес, кои се новина што стартува наскоро а конкурсот веќе е објавен. На овој факултет во три студиски години, во четири насоки, студираат околу 500 студенти.
