За упис во прва година на албански не се менуваат условите

Петар Печков

Уписот во прва година на албански јазик во велешката Гиманзија ќе остане според условите од првиот рок, најавуваат од оваа образовна институција. Иако Наставничкиот совет и директорката имаат можност да ги намалат потребниот број на поени, во случајот 60, тоа не е сторено, по барањето на родителите на децата албанци кои сакаа да се запишат.

Гимназијата како најстаро средно училиште  во земјава ќе го задржи своето ниво. Какви ќе биде условите за сите  ученици, такви ќе бидат и за децата кои сакаат да учат на албански, затоа нема за едни да ги намалувам потребните поени, а за други не – изјави директорката Стефка Богоевска. Ова доаѓа по реакциите на родителите на децата албанци кои годинава за прв пат треба да го продолжат образованието на мајчин јазик во Гимназијата. Во првиот уписен рок беа примени 20, 10 отфрлени поради послаб успех. За истата паралелка да профункционриа потребно е да се запишат минимум 25 ученика а во велешко годинава завршија 64 осмоодделенци во Бузалково и Горно Јаболчиште.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати