Забрана на водата за капење во велешко

Петар Печков

Државниот санитарен и здравствен инспекторат донесе решение со забрана на водата за капење, спорт и рекреација на луѓето, за наводнување на земјоделските површини и за напојување на стоката, на реката Вардар од влезот во Велес до фабриката ХИВ, на реката Бабуна во долниот тек после кланицата Л&Ј и реката Тополка низводно од населбата Превалец. Ова е  резултат на испитувањата на здравствената исправност на површинските води во Велес извршена од страна на Заводот за здравствена заштита – Велес, кој констатирал дека овие води се од четвтра категорија на загаденост.  

Надлежните апелираат до граѓаните, а особено на риболовците за почитување на забраната заради заштита на нивното здравје и сигурност. Езерото Младост според ЗЗЗ е можно капење и покрај присуството на алги, а водата во Градскиот базен е  исправна. Од оваа институција единствено не можеа да кажат за квалитетот на  водата на базенот од Хотелот Романтик, кој како јавна површина се должни да го исптиуваат, но тоа не е сторено.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати