Петар Печков
Објавено: недела, 07 декември 2008
Според полицијата на 06.12.2008 година во 00,45 часот на магистралниот пат во близина на с.Лозово на 5 км во правец на Велес се случила сообраќајна незгода во која учествувале камион „Сканија\" управувано од С.А. (37) од Штип и велосипед со мотор „Томос\" сопственост и управувано од Роберт Николовски (17) од село Каласлари-велешко, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот.
Тој критичната вечер се враќал на мотор од забава со неговите другари од селото Лозово во родното Каласлари.
