Петар Печков
Објавено: петок, 31 октомври 2008
За поставување на новиот светски рекорд во гинисовата дисциплина велешките матуранти во исто време танцуваа со своите врсници од Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. На матурската парада од средните училишта од Македонија и регионот учествуваа вкупно 27.040 матуранти.
На официјално презентирање на резултатите од парадата, соопштено е дека на манифестацијата од Скопје учествувале 684, Струмица 384, Велес со 104 и Охрид со 232 матуранти. Организаторот се надева дека во иднина ќе се зголемува бројот на учесници на парадата.
Велешките матуранти на платото пред Основниот суд на 16 мај го одиграа танцот „Квадрил\" од штраусовата опера „Љиљакот\". Танцот се игра во четири етапи: „Панталон\", „Ете\", „Пасторел\" и „Финале\" и трае шест минути и 18 секунди.
