Петар Печков
Објавено: четврток, 04 јуни 2009
Потоа се качил на вториот кат но тогаш бил веќе регистриран и од дежурниот лекарски персонал како и од пациентите, кој почнале да го бркаат по ходникот, но крадецот вешто им се искраднал и повторно преку тераса и скок од неколку метри височина избегал во блиската шума. Според портпаролот на Општата Болница во Велес д-р Весна Чадиева украдени се лекарства во вредност од 300 денари, но не и такви какви што барал крадецот, кој се чувале во специјален орман. СВР Велес е известена за случајот и го бара сторителот. Пред половина година во велешката Болница, две пациентки од Нервното одделение украдоа уметнички слики на познати македонски автори. Тие за ова нивно дело добија условна казна затвор, една доколку сторат слично дело во наредните три години.
