Петар Печков
Објавено: понеделник, 30 јуни 2008
Сосетката Сута Асанова живеe сама во станот во кој чува непознат број на домашни миленици. Тие освен што лаат и мјаукаат во секој дел од денот, смрди од нивниот измет. Баравме помош од сите можни надлежни инспекции, но сите тие креваат раце и велат дека не е во нивна надлежност – вели Драган Стефановски сосед на Асанова и додава дека се судруваат со проблем за кој нашиот законодавец на дал решение. Сите станари потпишале петиција и ја доставиле до повеќе институции и полиција, но од сите нив добиле ист одговор, немаат ингеренции да постапуваат во приватен имот. Таков е случајот со Асанова, која е сопственик на станот. Таа при посетата не криеше дека дома чува куче и тоа само едно, како што правеле и други нејзини сограѓани.
Често во станот влегуваат насилно, ги искршија прозорите поради што морав да земам куче да ме чува. Тука нема ништо чудно. Но мислам дека реакцијата е со цел да ми го одземат станот и да ме избркаат одтука и испратат во болница – вели Сута Асанова, која ѕиркаше од вратата низ која доаѓаше смрдеата од домашните миленици. Минатото лето поради болвите од животните кои се намножиле во зградата, целиот објект бил дезинфициран од страна на Заводот за здравствена заштита а биле приморани и да ги отрујат мачките кои живееле во него. Соседите ги страв дека тоа ќе се случи летово и негираат дека цел им е нејзиниот стан, тие само бараат таа да не чува дома толку голем број животни, чиј број не е познат бидејќи никој не успеал да влезе дома кај Асанова.
