Македонија го освои турнирот Трофеј на Македонија одржан во Велес и Скопје

Петар Печков

Репрезентацијата на Македонија го освои Трофејот откако на финалниот натпревар, одигран во Велес во салата 25 мај пред илјада гледачи, ја совлада репрезентацијата на Египет со 38:35, учесник на ОИ во Пекинг. За најдобар играч на турнирот беше прогласен македонскиот репрезентативец и прв стрелец на Лигата на шампионите Кире Лазаров.

\"\"


Во борбата за третото место Босна и Херцеговина славеше над Бразил со 38:36 а за петото место Црна Гора ја победи Бугарија со 38:22. Овој турнир беше во рамките на подготовките за претстојниот бараж за учество на СП во Хрватска, кога на 8 и 15, ќе играме со селекцијата на Исланд. Веќе в понеделник ќе се знае дали првата средба ќе се игра можеби во Велес.

\"\"\"\"


\"\"


\"\"

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати