Петар Печков
Објавено: четврток, 26 февруари 2009
- Знам дека не се платени парите со кој Метрудхем победи на тендерот. Од стечајната судијка сум известен дека купувачот побарал да се продолжи рокот бидејќи со УЈП расчистувале дали треба да го платат ДДВ – изјави Шефшет Адеми претседател на Основниот суд во Велес.
Стечајната судијка Валентина Петровска и стечајниот управник Радослав Кипровски не се достапни да дадат објаснување за купопродажбата и плаќањето на фактурата. Решението на претставникот на Метрудхем е дадено на рака на Одборот на доверители на МХК Злетово одржан на 23 јануари годинава, и во него стои дека плаќањето треба да се изврши во наредните 30 дена. Дали може рокот за плаќање да се продолжи решаваат доверителите, објаснуваат познавачите на оваа проблематика, според кои плаќањето на ДДВ е обврска доколку новиот сопственик ја менува дејноста на работата на фирмата која ја купил.
Метрудхем ја купи велешка Топилница за 2,25 милиони евра во постапка која крена голем прав во јавноста по дискваликификувањето на другиот учесник, но откако неговата жалба беше усвоена, турската компанија сама се откажа од натаможнато учество на тендерот. Дел од парите во висина од еден милион евра, кој како гаранција беа уплатени веќе се поторшени за долгувања кон времено ангажираните во МХК Злетово. Фирмата Метрудхем како ДООЕЛ е регистрирана од белграѓанецот Борис Коленц во мај лани, непосредно пред тендерот за продажба, на Британските девствени острови со почетен капитал од еден милион евра.
