Петар Печков
Објавено: петок, 30 мај 2008
Ние како Завод можеме само да констатираме со бројки во кој период кои лица се заболени, додека за квалитетот на вакцината можат да зборуваат други надлежни институции – изјавија од велешкиот ЗЗЗ, на прашањето дали вакцината е причина што најзагрозена група на лица се младите кои во критичниот период примиле серум од Имунолошкиот завод во Хрватска. Во првите пет месеци од годинава бројката на заболени од заушки во Велес достигна до 250 пациенти, најмногу од нив се возраст од 15 до 26 години.
