Мурал „Гемиџии“

Петар Печков

За Денот на државноста Стрип Центарот на Македонија од Велес на своите сограѓани им подари мурал насловен „Гемиџии“ лоциран на стариот плоштад Којник.

На него е прикажана имагинарно збогување на Константин Кирков од вљубената, еден од тринаесетината велешани, пред тргнување во акцијата во која сите ги загубија нивните млади животи посветувајќи им ги на Македонија. Во позадината на муралот групно се нацртани останатите Гемиџии.

Автор на оваа илустрација е Никола Темков од Скопје а го изработија Ване Трајков, Ненад Станчев и Горан Мазнев. Финансиран е од Министерството за култура. Ова е четврти мурал што Стрип Центарот го црта во Велес и го прави единствен град во земјава кои на овој начин ги облагородува празните ѕидови од фасадите на зградите.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати