Петар Печков
Објавено: понеделник, 30 јуни 2008
Парите за кои ние работиме, на домаќините црногорците не им се работи, така што има многу велешани, но и македонци во крајбрежјето на оваа држава. Газдите бараат да се знае српскиот (црногорски) и руски јазик и претежно млади луѓе, до 30-тина години возраст – вели Дејан Ристовски. Тој претходно работел како градежник, но поради летната сезона , до есен за нив нема работа, па се преорентирал како физички работник во приватен хотел. Платата се дивжи од 300 до 500 евра, со тоа што е обезбедено спиење и еден оброк на ден, ручек или вечера. Работното време е 14 часови, секој ден. Најплатено е да се биде ноќен чувар на плажа, каде за 12 часа, од 8 навечер до 8 наутро се добиваат по 35 евра дневница.
Оваа работа не е толку тешка, колку што е напорна. Дневницата е добра, но имаме малку време да отспиеме, бидејќи дење сакаме во живот, кога ноќе не можеме – вели Милан Стојанов. Тој се договорил три месеци да биде во Будва на ова работно место. Негова задача е да ги чува лежалките, чадорите за сонце и се што е имот на плажата. Дење истата работа, наплата за користење на услугата ја работат црногорците, додека потешкиот дел, ноќната смена е за странците. Девојките пак имаат избор да работат како шанкерки, келнерки во кафитериите, хотелите.
Една полезна работа што ја учев во школо е познавањето на рускиот јазик. Кога завршив, се каев што го научив, а сега ете излезе дека сепак и од него има ќар.Работам од 12 до 4 натуро, тешко се издржува секој ден ама морам, ако сакам да заработам. Се наоѓа малку време и за сончање и капење, така што задоволна сум од престојот тука – објаснува Милена Арсова. Сите тие до работа дошле преку нивен познат, кој претходно престојувал или работел на црногорското крајбрежје.
