Петар Печков
Објавено: недела, 04 октомври 2009
Четириесетина граѓани во рокот од еден месец пријавиле дека најмногу се оштетени мебел, бела техника и градежни приземни објекти во ?купна вредност од 1,82 милиони денари. Поројниот дожд кој предизвика и поплави, па дури и еден пожар, најмногу ги оштети жителите на Дервенскиот поток, Сточниот пазар кај Железен мост како и централното градско подрачје улиците Благој Ѓорев и Мршал Тито, каде поради конфигурацијата на теренот се сливеше сета вода од сите делови на градот.
Поради ова штети претрпеа и бројни продавници и деловни објекти во центарот на Велес кои беа поплавени. Оваа проценка локалната власт ќе ја препрати до Владата, кој се обврза дека ќе ги надомести штетите.
