Петар Печков
Објавено: вторник, 25 август 2009
Тие никако да постапат по реакциите на жителите кои цело лето кои се оневозможени да го користат тротоарот кој видно е узурпиран со тезга. Иако за некој ден тој треба да биде користен од децата ученици, очигледно дека тие ќе треба да одат по улица за да сопственикот може намира да продава. На ваквата состојба реагирала сообраќајната полиција, но дрскиот газда им покажал решени од надлежнатите општинари со кое му се дозволува да поставува тезги.
Прашањето кое го поставуваат минувачите како е можно на тротоар од само еден метар да се даде дозвола да се користи дел од него, кога истиот е дел од фрекфентна улциа каде нема пешаците можност да минуваат. Одговор нема а почетокот на учебната година се ближи. Поплаките се примени но реакција на службите нема.Можеби чекаат бостанто да презрее, праските да завршат, грозјето да се продаде. Но тогаш ќе се понуиди друго сезонско овочје, кое исто така ќе го узурпира тротоарот.
