Петар Печков
Објавено: сабота, 15 ноември 2008
- Ако општината брои 55 илјади жители со 16.688 невработени, еден вработен издржува двајца невработени, што создава тешкотии во животот за секое семејство. Споредбено во Македонија учеството на вработените е дијаметрално спротивно, отколку во Велес. На ниво на држава имаме 33 отсто невработеност што е двојно помалку отколку на локално ниво – вели Димитар Андонов од ССМ. Некогашниот индустриски град најтешко ја преживеа осумнаесте годишната македонска транцизијата, бидејќи од големите гиганти, Топилница, Лозар, Нокатекс-Свилара и Порцеланка произлегоа осум илјади сечајци и технолошки вишок, што е 15 отсто од нивниот вкупен број во земјава. За ваквата катастрофална состојба, според синдикалците виновник е непринципиелната, нетранспарантна приватизација, поддржана со лошо водени со години стечајни постапки и ликвидации.
