Петар Печков
Објавено: петок, 20 јуни 2008
Со помош на овој проект десет девојки, сите со различно образование, покажаа креативност регистрираа 10 фирми и започнаа со работа – вели Мирјана Трајковска координатор на проектот кој се реализираше со помош на Организацијата на жени на Македонија. Девојките ја покажале нивната креативност и започнале свој бизнис, од фризерски и козметички салкони, преку перална за теписи, парфимерија, салон за декорација на свадби и родендени до изработна на етно-сувенири со велешки особености. Овој проект во Велес се реализираше изминатата половина година.
