Петар Печков
Објавено: понеделник, 29 декември 2008
Тој околу 21.30 часот на автопатот Велес-Градско, после мостот на реката Вардар кај мотел Македонија, поради неприлагоденост на условите на патот или големата брзина, отишол на десната страна и се истумбал, па завршил во каналот за одводна вода. И покрај големите оштетувања на автомобилот марка БМВ со италијански регистарски таблички, кој не бил негова сопственост, Ѓуро П. поминал со полесни повреди, па дури и не отишол во болница.
