Петар Печков
Објавено: сабота, 10 октомври 2009
- Како резултат на извонредниот прием од домашната јавност и публиката од градовите во кои се одржаа првите три циклуси, како и поради барање и огромно инсистирање на публиката во внатрешноста на земјава, Трпчески повторно ќе настапи низ нашата земја - велат од „КултурОп“. Концертната турнеја ќе биде од хуманитарен карактер, на 10 октомври концерт ќе одржи и во Домот на културата во Кавадарци. Турнејата продолжува и следниот месец, при што на 7 ноември Трпчески ќе има концерт во Охрид. Турнејата ќе заврши со концерт во Велес на 8 ноември. На концертите Трпчески ќе изведе дела од Хајдн, Моцарт, Шопен, како и од домашни автори, при што премиерно ќе биде изведена и нова суита од Панде Шахов. По секој концерт предвидени се и средби со публиката, при што Трпчески ќе ги потпишува и своите компакт-дискови.Неодамна тој одржа и повеќе концерти низ европските центри на културата, а за неговите настапи се пишуваше и во повеќе музички списанија. Со пофалби и позитивни критики беа освртите на медиумите во Ливерпул, Велика Британија, каде што Трпчески минатиот месец настапи како солист во изведбата на Концертот број 3 за пијано и оркестар од Сергеј Рахманинов, заедно со Кралскиот Ливерпулски филхармониски оркестар, а под диригентската палка на Василиј Петренко.
Со овации и долги аплаузи Трпчески деновиве беше награден и од публиката во Тронтхајм, Норвешка, каде што со Симфонискиот оркестар на тој град го изведе пијано-концертот од Морис Равел. Диригент беше маестро Александар Ведерников, кој го предводеше оркестарот на театарот Бољшој на концертот во Скопје во мај годинава. Единствената дилема кај кулутната ајвнсот во Велес е каква посетаност и како ќе мине овој концерт во Велес, бидјеќи пролетоска концерт имаше и маестро Борис Трајанов, исто така хуманитарен ама пред полу исполета, други би рекле полуипразната, сала Бели Мугри.
