Јанков со втор роман, трилерот „Виенски гамбит“

Петар Печков

Велешанецот  Анде Јанков  ја издаде својата втора книга, насловена „Виенски гамбит“, во издание на „Антолог“.  И во ова негово дело останува верен на трилерот, како жанр, со кој дебитираше во книжевноста, преку првиот роман ,,Едно лето на Крит,, објавен февруари 2016-та за издавачката куќа  „Култура“.  

Оние кои што ја прочитаа  мојата прва книга знаат дека трилер жанрот ми е омилен книжевен правец. Затоа и сега во мојата нова книга може да се каже дека само ги нагласив крими елементите а динамиката на приказната си остана како и кај секој трилер роман. Сметам дека ваквата литература на нашето книжевно поднебје ја има премалку, па и затоа дефинитивно се насочив кон тој правец -  вели  Јанков за неделникот Фокус. 

Јанков (31 год)  е дипломиран економист, кој се пронајде и во книжевноста.  Најавува дека  планира    инспекторот Виктор Николов, како главен јунак кој ги спојува двете дела,  да продолжи да истражува неразјаснети настани  во вкупно   седум до осум дела.

Ликовите кои се сретнуваат во оваа книга ќе продолжат да живеат низ страниците на следните наслови. Секако понатаму ќе сретнеме и други ликови кои биле само спомнати досега, во други градови во Македонија или  надвор од неа - објаснува  Јанков,за Фокус.

фото „ФОКУС“

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

  • да во Македонија
  • да во странство
  • не
Резултати