АТД се сели, Велес и натаму без кожен лекар

Петар Печков

Министерството за здравство  потврдило,  кај велешани  популарниот Диспанзер за туберкулозни болести се сели во Градската Болница. Иако оваа новина беше најавена при посетата на министерот Тодоров во декември лани, сега ЈЗУ Општа Болница го добило написмено одговорот дека ќе се случи трансфер на оваа здравствена институција.

Зградата е стара околу половина век,целосно е руинирана. Проценивме дека во неа не може да се работи и заради пациентите  и персоналот, затоа  најдобро е таа да се пресели. Од министерството ни потврдија дека таа ќе се пресели во Болницата – изјави в.д директорот  Атанас Василев.

Претходно по најавите дека ќе се сели во Болницата, имаше реакции од санитарната инспекција поради тоа  што   болните од туберкулоза ќе имаат контакт со други болни.    По ова раководството  од Болницата бараше написмено потврда од Министерството каде  Диспанзерот ќе се дислоцира.  Во исчекување на ова, цело зимо пациентите и персоналот ѕемнеа, оти таму немаше греење. Директорот не прецизираше кога ќе се случи преселбата, ниту  каде во кругот на Болницата ќе работи диспанзерот. На местото од сегашната заграда, се најавува голем проект, станбена  зграда со деловен простор, која ќе ја гради државата.

  Ни по година дена велешани   и натаму немаат кожен лекар. За нивните потреби мора да патуваат до Скопје.  Во преписките помеѓу велешката Болница и Клинички од Скопје, на почетокот, потоа   во преписката со Фондот за здравство не се најде решение. Иако докторката која замина во пензија покажала желба да продолжи да работи а пензијата да ја стави во мирување,  оваа понуда не била прифатена од раководството на Болницата. Тие сега чекаат специјализантката да тргне  да работи оти и завршило породилното отсуство. Директорот Василев најавува дека тоа може д се случи секој нареден ден од месецов.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати