Алкохолизирани татко и син, на селската слава во Караслари предизвикале неред

Петар Печков


Две лица на селската слава во Караслари предизвикале неред и го нарушиле јавниот ред и мир. Како засилување дошол и родителот, таткото на едно од лицата, кој нападнал полицаец. Деталите за настанот од информацијата на велешка  полиција. 

„На 6 мај во 23:45 часот во село Караслари, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Г.Ј.(51 год) од село Долно Караслари. Претходно, за време на одржување верска манифестација во селото, С.Ј.(29 год) од село Долно Караслари и Л.Х.(35 год) од село Кочилари, општина Градско, го нарушиле јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување и при преземање мерки од страна на полициски службеници, на местото пристигнал Г.Ј., татко на С.Ј., кој започнал агресивно да се однесува и физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија“ – соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол на СВР Велес.

Лицата биле приведени во полициска станица, а по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека Г.Ј. и С.Ј. биле под дејство на алкохол, односно на Г.Ј. му биле измерени 0,99 промили алкохол во крвта, а на С.Ј. му биле измерени 1,06 промили алкохол во крвта. Тие биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 фото архива

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

ОГЛАС за избор на 25 судии-поротници во Основен суд Велес
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати