Петар Печков
Објавено: среда, 12 ноември 2025
Велешкиот уметник, скулпторот Ангел Коруновски имаше изложба во Њујорк, насловена „Летаргија“. Тој се претстави со негови дела, цртежи во дигитална графика. Концептот е да се потсети на човекот, кој е секојдневна инспирација во различни уметности. Секое дело има своја порака.
„Изложбата е циклус дела кој го работам подолго. Инспириран е од маргинализацијата и глобализацијата на човештвото. Иако човекот е најбитен, тој е маргинализиран, системот прави да биде отстранет, делумно невидлив. Четири дела на големи формати работени 2 на 3 метри, другите се рачно правени цртежи, скици со туш и перо. Работев цртежи на голи тела, оти голотијата ја покажува искреноста, но нема експлицитни сцени. Движењата на овие лица, гестикулациите покажуваат еден момент, летаргија, опсесија.. Како мине времето се помалку обрнуваме вниамние на човештвото, што го прави човекот човекот“ – кажа Коруновски.
Изложбата беше поставена во МЦ Галерија.
