Барајте нови странски инвестиции, но не заборавајте ги постојните (ФОТО)

Петар Печков

Барајте нови странски инвестиции, но не ги заборавајте постојните, ваква порака му испрати сопственикот на  германската  компанија ,,Маркарт,, на македонскиот премиер, при неговиот денешен  престој  таму.

Ве охрабрувам и поттикнувам за натамошни странски инвестиции, но  да потсетам да ги одржувате, негувате  постоечки странски инвестиции, оти можат да придонесат многу повеќе - рече д-р Харалд Маркарт сопственик на ,,Маркарт груп,, која брои 13 фабрики низ светот. ,,Маркарт Македонија,, се наоѓа близу Велес. Таа сега вработува 650 лица а пред пет години започна со 170. 

Премиерот Заев одговори дека токму заради тоа  е во посета на оваа компанија  од Сојузна Република Германија, која била пред одлука за проширување на капацитетот на ,,Маркарт Македонија,,. 

Ги охрабруваме во нивната намера за зголемување на капацитетот. Ги запознавме со можност кои како Влада ги нудиме за  проширување на производството.  Таа вработува високо квалификувана работна сила.  Ги слушнавме и нивните потреби, сугестии и решенија за прашања од нивната работа - рече премиерот Заев.

,,Маркарт,, е една од водечките светски компании за  електро механички и електронски прекинувачи  и преклопни системи за  автомобилската индустрија, основана 1925 година.   

loading...

Поврзани »

loading...

Општина Велес објавува

ЈАВЕН ПОВИК
за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на територија на Општина Велес за набавка енергетски ефикасно грејно тело за 2019 година

Детали

Ронтис вработува техничар во оддел за одржување

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:
Техничар во оддел за одржување

Ронтис вработува 20 оператори во производство

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:
20 (дваесет) Оператори во производство

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

  • Дадоа максимум
  • можеа повеќе
  • за прв пат учество, одлични беа
  • запоставени, а не направија горди
Резултати