Вардар низ Велес, со двојно повисоко ниво од просекот во октомври

Петар Печков

Вардар низ Велес со двојно повисоко ниво во октомври. Податоците на одделот за хидро-метеорологија, при УХМР покажуваат дека утрово во 7,30ч. нивото било 106 цм, вчера четврток 108, во средата 114 см.  а просекот за октомври е 57 цм.

Очигледно дека и покрај сушниот период, се испушта вода од акумуалциите што одржува високо ниво на реката Вардар низ централниот дел. 

Нивото на реката Бабуна во Бгогомила утрово било  7 цм, колку што бил и вчера а во средата  8 цм. Толку е просекот за месец октомври за реката Бабуна. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати