Василка Ѓурчиновски в.д. директор на Средношколскиот ученички дом ,,Лазар Лазаревски“

Петар Печков

Василка Ѓурчиновски е новиот в.д. диреткор на  Средношколскиот ученички дом ,,Лазар Лазаревски“ од Велес. Ова именувaње доаѓа откако претходно диреткорот Марјанчо Јораднов поднел оставка.

Ѓурчиновска е дипломиран  професор по математика и магистер по образование. Таа веќе беше прв човек на оваа институција од 2013 година.

На последната седнциа на Советот на Општина Велес, при разгледувањето на точката са годишниот план са работа, таа кажа дека вработените се судруваат со тежок и сериозен  проблем, наседила блокирана сметка и намален број на ученици кои се сместени во Интернатот.

„Без  плата 11 вработени се три месеци.  Состојбата е тешка, вработените не се мотивирани да работат. Сметктите се блокирани од извршители, плати не може да се земат, нема здравствено осигурување. И да легнат пари, извршителтеи ќе ги повлечат и пак без плати.  Имаме намалување на бројот на ученици кои го посетуваат Интернатот, лани 118 а годинава засега се 110   а предвиден е бројот од  221“ – кажа Ѓурчиновски.

Дел од учениците од велешко, иако живеат подалеку од 25 км и можат да ги користат услугите на институцијата на Средношколскиот дом, тоа не го прават. Затоа пак локалната власт плаќа висока цена за превоз на тие ученици, до нивните места на живеење.  Законот вели дека изборот го прави ученикот, дали ќе биде сместен во дом или ќе патува, тоа право  е негово право. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

  • дома
  • на Охридско езеро
  • Грција
  • Црна Гора
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • на Дојранско езеро
  • на планина
  • Бугарија
Резултати