Велес доби Младински центар

Петар Печков

На меѓународниот ден на младите 12 август,  Велес доби Младински центар. Тој е сместен во престорија од Градската библиотека Гоце Делчев. Отворен е со финансиска поддршка од Агенција за млади и спорт. Со младинскиот центар ќе управуваат Извидничкиот одред „Димитар Влахов“ и Фондација за локален развој и демократија „Фокус“.

„Овој центар  е место  во кое младите ќе можат да создаваат, да развиваат позитивни вредности, а своите идеи да ги преточуваат во конкретни проекти со што активно ќе се вклучат во креирање на Општина по мерка на младите’ - кажа на отворањето градоначалникот Марко Колев.

Со отворањето на Младинскиот центар Општина Велес ја исполни законска обврска од Законот за младинско учество и младински политики.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати