Велес е трет град во Македонија по број на електрични возила

Петар Печков

Според Државниот Завод за Статистика во 2025 година во Велес се регистрирани 68 електрични возила, во кое влегуваат електрични автомобили и електрични моторцикли.

Со оваа бројка градот е на трето место во Македонија, после Штип кој е втор со 89 а на врвот со многу, многу повисока бројка и тоа четвороцифренае Скопје со  1.229. После  Велес е Битола со 63 електрични возила.   

Во 2023 во Македонија биле регистрирани вкупно 561 електричен патнички автомобил. На крајот на 2024, таа бројка неколкукратно пораснала на 1507 електрични автомобили, за на крајот на 2025 бројката да изнесува 2047 електрични патнички автомобили и дури 543 електрични моторцикли.

Бројката на електрични возила во Македонија е во континуиран раст.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Оператори за производство на крвни линии
Оператори за производство на црева (оддел за екструзија)
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

  • дома
  • Грција
  • Црна Гора
  • Охридско езеро
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • Бугарија
  • Дојранско езеро
  • Бугарија
  • На планина
  • На базените во градов
Резултати