Петар Печков
Објавено: петок, 26 јуни 2026
Два настани од билтенот на СВР Велес.
„На 25 јуни во 18:55 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода П.Н.(31 год) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од 71-годишна велешанка дека пред и во нејзиниот дом физички ја нападнал и ја скршил влезната врата од нејзиниот дом. Според пријавеното, тој дошол пред нејзиниот дом, ја побарал нејзината ќерка, но таа не била дома, по што физички ја нападнал. По преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,11 промили алкохол во крвта“ – соопштија од СВР Велес.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
„На 25. Јуни во 18:00 часот на локалниот пат село Сливник Чашка, полициски службеници од Полициското одделение Чашка го лишиле од слобода Х.М.(38 год ) од Горно Јаболчиште, општина Чашка. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Х.М. и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал пред да се стекне со право на управување“ – дополнија од МВР.
За настанот е известен јавен обвинител, а возилото било одземено. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
