Петар Печков
Објавено: вторник, 19 август 2025
Велешанец доби 27 месеци затвор, затоа врз што блиска роднина извршил три кривични дела. Лицето И.Б. не е достапен на органите на прогонот и му се судеше во отсуство. На 15 јули лани извршил разбојничка кражба, неколку дена потоа ја нападнал, по што и телесно ја пворедил.
„По предметот К бр.305/2024 против обвинетиот И.Б. од Велес за кривично дело Разбојничка кражба, за кривично дело Загрозување на сигурноста и за кривично дело Телесна повреда. обвинетиот е осуден како што следи:
- за кривично дело „Разбојничка кражба“ според чл. 238 ст.3 в.в. со ст.1
од КЗ, на казна затвор од 1 (една) година
-за кривично дело Загрозување на сигурноста според член 144 став 3 в.в.
со став 2 в.в. со став 1 в.в. со чл. 45 став 1 од Кривичниот Законик, на
казна затвор од 1 (една ) година
-за кривично дело Телесна повреда според чл. 130 ст.2 в.в. со ст.1 од
Кривичниот Законик, на казна затвор од 6 (шест) месеци
За сите три кривични дела се изрекува единствена казна затвор во траење од 2 (две) години и 3 (три) месеци – појаснија од Основен суд Велес.