Велешанката Моника Стојчевска, една од седумте жени отправник на возови во Македонија (фото видео)

Петар Печков

Велешанката Моника Станчевска е една од седумте жени во Македонија која работи како отправник на возови во Македонски железници, популарните црвенокапци. Нејзината обврска е да ги пречека и испрати сите возови, кои доаѓаат или заминуват.

Со карактеристичниот свиреж во свирчето и со сообраќајната палка, дава знак за запирање и поаѓање на железничките композиции. Таа на оваа позиција е од 2019 година. Објаснува дека не е и тешко да се снаоѓа во машко опкружување, каде сите останати на Железничка станица Велес се колеги, мажи.

„Мојата работна задача е да го организирам железничкиот сообраќај, пристигнувањето, заминувањето на возовите, било патнички, било товарни. Мое е патувањето на патниците во возот да биде удобно, пријатно. Најважна е безбедноста на патниците“- кажа Станчевска.

Таа на работното место е по 12 часа секој втор ден. Сите кои се на ова работно место, отправник на возови, имаат и бенефициран работен стаж, плус два месеци на секои 12, поради тежината на работната задача и обврска која ја имаат. Како и во повеќето случаи на вработените во железница, така и нејзиниот е поврзан или наследен од родителот.

„Татко ми беше железничар, така и таа љубов, посветеност ми ја пренесе мене. Родена сум во Богомила, живеевме блиску до железничката станица, со татко ми често патувавме до Велес, Прилеп, Скопје. И така возвите ме освоија. Во Богомила го завршив основното образование и продолжив средно во Владо Тасевски во Скопје“ – рече Моника. Во генерацијата биле дури 20 девојчиња.

Таа го продолжува семејното стебло, на вработување во железница. Љубовта кон возовите, е голема за жителите на регионот на Азот, од каде потекнува Моника, бидејќи тоа им е единствениот организиран превоз го поголемите околни градови. Иако има пат, редовни автобуски линии никогаш немало, па возовите им се прозорец кон светот. Не пропушта да се забалгодари на колегите, кои секогаш се тука кога треба.

„Колегите помагаат секој пат кога затреба, со нивна помош се надминуват потешкотиите. Тука е и семејството, кое ми ја дава поддршката во оваа одговорна професија“ – кажа Стојческа.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати