Велешката Питијада на нов простор и со нов термин

Петар Печков

Локалната самоуправа воведе новини во одржувањето на годинашнава 9-та Питијада. Најстарата ваква манифестација во Македонија ќе се одржува од 9-ти (петок) до 11-ти (недела) ноември. Освен новиот термин, порано една седмица, нов е и просторот, таа ќе биде лоцирана на улицата Благој Ѓорев од  крстосницата  на ресторан Панини до  крстосницата до продавницата Ќоше на Жито Вардар.

Работното време ќе биде од петок 9-ти во 15 часот до недела 11-ти до 15 часот, со тоа што двете вечери  штандовите ќе работат до 24 часот. На Питијадата ќе има и музички гости, кои дополнително ќе бидат објавени. Препорачана цена на продажба  од страна на организаторот е  една  пита пастрмалија – 120,00 ден,  една чаша вино – 30,00 ден. а  шише вино – по цена на излагачот во зависност од виното.

Цел на манифестацијата е да се придонесе кон поголема афирмација и промоција на питата пастрмалија, препознатлив велешки специјалитет, но истовремено да им помогне на угостителите, винариите, малите и средните компании од прехранбениот сектор, пред потенцијалните потрошувачи од Македонија кои ќе го посетат настанот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати