Велешките кули, дел од станбеното живеење на градот, преку изложба на осум млади архитекти (видео)

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес, поставена е архитектонската изложба „Вертикални форми на населување на градот Велес“. Таа е дело на осум млади архитекти, Марија Петрова, Сара Јованоска, Теодора Стеваноска, Ангела Петроска, Ахмед Пошка, Горан Трајановски, Кирил Кочоски и Дејан Јанев, при што ниту еден од нив не е од Велес.  

„Велешките кули се многу повеќе од обични згради. Тие се сведоштво за стремежот кон модерност, кон живеење „во височина“, кон новиот урбан идентитет на минатиот век. изложбата ја следи трансформацијата на домувањето во височина – од инженерски иновации до живи симболи на градското секојдневие“ – кажа Ангел Коруновски, скулптор, директор на Народен музеј Велес.

„Проучувавме кули кои  се вклопуваат во старата велешка архитектура и околните ридови. Поставени се 13 макети од 21 зграда и десетина куќи  со стара велешка архитектура како на Рацин, Касапови, градскиот саат но и куќи кои ги нема, оти времето ги уништило“ – рече Марија Петрова, носител на проектот, кој е финансиран со годишната програма на Министерството за култура.  

Од Жаба зграда и зградата ХИВ, Мапет шоу,  преку кулата на Мостот на Гемиџиите, кај Пошта, па сè до кулите  близначки кај пазарчето во Нова населба, вкупно 21 кули се прикажани на изложбата, сите преку фотографии, 13 се макети. Која година се изградени, која фрима ги градела, кои се авторите. Овие податоци се обезбедени со помош на Историскиот архив –одделение Велес. 

На отворањето на изложбата присустуваше и поранешниот македонски претседател Стево Пендаровски, со сопругата. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ги чувствувате придобивките од примената на летно и зимско сметање на времето, кое е на сила од 27 март 1983 година, за тоа да продолжи да се применува?

  • да
  • не
Резултати