Вечерва, cpeда велешки театар со копродукциската претстава „ГОДО“ на фестивалот „Ристо Шишков“ во Струмица

Петар Печков

Вечерва на фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица ќе биде прикажана претставата „Годо“ копродукција на велешки театар, штипски и кумановски. Почетокот е закажан за 22ч. Оваа претстава е дел од селекцијата на фестивалот, велешката публика ќе ја види во текот на овој месец, септември. 

Во „ГОДО“ настапуваат Ефтим Трајчов Ѓаурски, Марко Трајковиќ, Жарко Спасовски, Марија Бреслиска и Јоана Панзова.  Преку современ сценски јазик, проектот ги отвора прашањата за човекот, иднината, технологијата, надежта и вечниот феномен на чекањето. Режијата е  на Ѓорѓи Ризески.

По петочната премиера на претставата „НОНА“ во велешки театар  паралелно се работи и претставата „МАМА, АЛОЈЗ И ЈАС“, во режија на Деан Дамјановски, работена според драмата на Космин Станила „Сите нешта кои ми ги зеде Алојз“. Со оваа претстава актерката Слободанка Чичевска одбележува професионален јубилеј – 45 години професионално актерско појавување и 40 години од нејзиното официјално вработување во велешкиот театар. Во претставата покрај Чичевска играат и првенецот на Велешки театар Васил Зафирчев и Филип Христовски.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

  • дома
  • Грција
  • Црна Гора
  • Охридско езеро
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • Бугарија
  • Дојранско езеро
  • Бугарија
  • На планина
  • На базените во градов
Резултати