Петар Печков
Објавено: среда, 24 јуни 2026
Викендов засилена акциска сообраќајна контрола на сообраќајната полиција низ Велес. Во текот на два дена биле контролирани 117 возачи а биле констатирани 94 прекршоци. Првиот ден биле контролирани мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли а вториот ден колку возачите на автомобили ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Ова е одговорот на поставеното прашање од ТрМр за акциската контрола.
На 20.06.2026 беше спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли, при што беа контролирани 90 возачи. При тоа, констатирани биле вкупно 79 прекршоци.
- управување без возачка потврда – 3 прекршоци
- техничка неисправност -11 прекршоци
- изминат рок на важност на сообраќајна дозвола -1 прекршок
- изминат рок на важност на осигурителна полиса – 1 прекршок
- не регистрирани – 1 прекршок
- не користење на заштитен шлем – 49 прекршоци
- управување под дејство на алкохол – 1 прекршок
- останати прекршоци – 12
На 21.06.2026 беше реализирана засилена акциска контрола за непрописно престигнување, при што беа контролирани 27 возачи. При тоа, констатирани биле вкупно 15 прекршоци
- 3 за непрописно престигнување
- 8 за не почитување на сообраќаен знак
- 2 за не користење на сигурносен појас
- еден прекршок за изминат рок на важност на сообраќајна дозвола
- еден прекршок за светлосни сигнали
