Петар Печков
Објавено: понеделник, 18 август 2025
Од билтенот на СВР Велес, викендот се регистрирани три сообраќајки, со три учесници кои се здобиле со тешки телесни повреди-скршеници.
„На 17.08.2025 во СВР Велес било пријавено дека околу 08:40 на регионалниот пат Велес- Штип, во близина на Градската депонија Велес, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.М.(24 год) од Италија и патничко возило „даеву тико“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.С.(53 год) од Велес“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „даеву тико“, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник О.А.(19 год) од Лозово, констатирани во Општа болница Велес.
„На 17.08.2025 во СВР Велес било пријавено дека околу 10:00 часот на улица „Димитар Влахов“ во Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(65 год) од село Отовица, велешко и мопед „томос“, управуван од М.Ј.(72 год) од Велес“ – дополни Ѓаковска.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Општа болница Велес.
„На 16.08.2025 во СВР Велес е пријавено дека во 13:00 часот на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „бмв“ со велешки регистарски таблици, управувано од А.И.(24 год) од село Горно Оризари, велешко и мопед „јонвеј“ со велешки регистарски таблици, управуван од Ѓ.Т.(54 год) од Велес“ – информираше Ѓаковска.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Општа болница Велес.
„Две од лицата, и двете со тешки телесни повреди, скршеници на граден кош, поради спецификата на повредите се пренесени на клинички во Скопје. Тоа се возачот од првата сообраќајка во неделата и повредениот моторист од сообраќајката во саботата. Повредениот моторист од сообраќајката од неделата има скрешница на колк, тој е опериран во велешка болница и задржан на лекување на одделение“ – кажа д-р Вачно Граматов, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.