Петар Печков
Објавено: понеделник, 21 септември 2026
Агенцијата за храна и ветерина ја забрани за користењe водата од водоводот во Башино Село. Решението е од 16 септември, а локалната власт информацијата ја објави на нејзината веб страница.
„Се забранува користење на водата за пиење од селски водовод во Башино село. Поради утврдена неправилност, водата не смее да се користи за пиење, сè до укинување на забраната од страна на надлежниот орган“ – соопштија од Општина Велес.
Ги повикуваат жителите доследно да ја почитуваат изречената забрана и да постапуваат согласно насоките на надлежните институции.
На локацијата било поставено соодветно предупредување со натпис “ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ”, а Општината ќе ја информира јавноста веднаш по добивање на официјална потврда дека водата е безбедна за употреба.
