Водите на Вардар, Тополка и Бабуна се бактериски контаминирани има и нитрити

Петар Печков

Реката Вардар на влeзот во Велес кај Башино Ceло и на излeзот Долни дуќани не може да се користи за капење и рекреација на луѓето.  Ивршените анализи на примероците земени на 17 септември, констатирано е дека таа е  5-та класа по присутна матност и амонијак, 4-та класа по присуство на фосфати, 3-та класа по бактериска контаминација и присуство на нитрити, а по однос на останати испитани параметри е во 2-ра и 1- ва класа. Од извршените испитувања и стручната анализа се заклучува дека водите на река Вардар на мерно место, Башино село и Долни дуаќани , не може да се користи  за капење и рекреација на луѓето

Реката  Тополка кај  Пашин мост  и кај вливот во вардар, не може да се користи за капење и реакраеција на луѓето, е препоракта на стручните служби на Центарот за јавно здравје Велес. Анализите се од примероци земени на  17 септември. Испитуваната вода   одговара на 3-та класа по бактериска контаминација и присутна матност, а по однос на останати испитани параметри е во 2-ра и 1-ва класа. Од  извршените испитувања и стручната анализа се заклучува дека водите на река Топлка на мерно место, Пашин мост,, не може  да се користат за капење и рекреација на луѓето.

Тополка влив кај Вардар 17 септември  5-та класа по присутна матност, 4-та класа по сатурација, 3-та класа по бактериска контаминација а по однос на останати испитани параметри е во 2-ра и 1-ва класа. Од  извршените испитувања и стручната анализа се заклучува дека водите на река Топлка на мерно место. Водата пред влив во река Вардар, не може  да се користи за капење и рекреација на луѓето.

Водата во реката  Бабуна на  градска плажа  и возводно од неа (движење или положба спротивно од текот на реката),  на  17 септември била во   3-та класа по бактериска контаминација, присутна матност и сатурација, а по однос на останати испитани параметри е во 2-ра и 1-ва класа. Од извршените испитувања и стручната анализа се заклучува дека водите на река Бабуна на мерно место ,,Градска плажа,, и возводенои од неа, не може да се користат за капење и рекреација на луѓето.

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

ОГЛАС за избор на 25 судии-поротници во Основен суд Велес
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати