Вонредна крводарителска акција, в среда во Ликовен салон

Петар Печков

Општинската Организација на Црвен крт Велес, за в среда 15-ти април, најави вонредна крводарителска акција. Таа ќе се одржи во  просториите на Ликовен салон, со почеток во 9 ч. и ќе трае до 14ч. 

Поради вонредната состојба во државата има ниско ниво на залихи со крвни единици. Затоа Општинскиот црвен Црвениот крст на Велес во соработка со Институтот за Трансфузиона медицина се одлучи во Велес да се одржи  вонредна крводарителска акција. На крводарителската акција ќе се применуваат сите стандарди и процедури согласно состојбата во која се наоѓаме  -изјави Орце Николов секретар на ОО Црвен крст Велес. 

Организаторот ги повикуваме сите крводарители кои сакаат да учествуваат и да донираат, а  за да се придржуваат на мерките за безбедност на јавното здравје, да се јават на тел. бр. 076/368-066 за да добијат термин кога да дојдат на крводарување со што би се избегнало чекање и контакти со останати граѓани.

Од почетокот на годинава, во првите три месеци во велешко  имало собрани  855 крвни единици, што е над  планираните 445 но за 300 помалку, отколку во истиот период лани.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

  • да во Македонија
  • да во странство
  • не
Резултати