Во Велешката касарна, најголемата компјутерски асистирана тактичка вежба со учество на армии од 22 земји (фото)

Петар Печков

Присуството на армии од четири континенти на вежбата „Регекс 2019“, покажува колкава е довербата во нас како Армија и како држава да бидеме домаќини на оваа вежба. Особено во време кога очите на Алијансата се вперени во нас, во предвечерјето кога се подготвува  кревањето на знамето на нашата татковина во седиштето на НАТО, истакна денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска во касарната ,,Алексо Демниевски Бауман,, во Велес на Денот за високите гости на најголемата компјутерски асистирана тактичка вежба кај нас предводена од НАТО и Армијата на Република Северна Македонија.

Таа потенцира дека ова е ден кога Италијанскиот сенат, ден порано од планираното го ратификува НАТО протоколот и ден кога се очекува и ратификација на договорот од  страна на Велика Британија со што ќе бидат целосно заокружени.

Ние сме сега во фото финиш и со оваа вежба покажавме дека функционираме како НАТО држава. Покажавме дека можеме да бидеме и ефикасни во однос на финансиските средства, но и дека имаме знаење да ги искористиме техничките капацитети на Центарот за симулации за да вежбаме во симулирана компјутерска средина. Токму во една симулирана средина можеме да ги доведеме до перфекција процесите на соработка и координација помеѓу националните и локалните власти со владините, невладините и меѓународните организации, истакна министерката Шекеринска.

Таа појасни дека преку вежбата учиме и за т,н.хибридни закани, односно сајбер-одбраната која е во врвот на приоритети на НАТО Алијансата. При тоа им се заблагодари на 22 партнерски земји кои се вклучија во процесот на планирање на вежбата, како и на менторството од страна на пет земји членки на Алијансата.

Командантот на Здружената оперативна команда, генерал-мајор Павле Арсоски, во својот говор ја искажа импресијата од големата различност на земјите учеснички, како и од тоа што ова е редок пример во кој обучувачите и оние кои се обучуваат доаѓаат од различни страни на светот. Оваа вежба, нагласи генералот, е доказ за подготвеноста и интероперабилноста на Република Северна Македонија како идна триесетта членка на НАТО Алијансата.

Директорот на вежбата, полковник Звонко Мајсторски, во своето обраќање истакна дека вежбата „REGEX 19“ е вежба која ги спојува силата, капацитетите, искуството и технологијата на дваесет и две земји од целиот свет, учеснички во планирачкиот процес од кои петнаесет земји директно се вклучени во извршната фаза. Воедно тој наведе дека денешната вежба е резултат на долг и детален планирачки процес, кон кој придонесоа сите земји заедно.

Присутните, потоа се запознаа со целите на вежбата и целиот организациски процес од подготовката, планирањето и реализацијата на вежбата. Исто така, тие го посетија персоналот кој учествуваше на реализација на вежбата во Центарот за симулации.

„Регекс-19“ е компјутерски симулирана вежба под раковоство на НАТО на која учествуваат околу 200 припадниците на Армиите на 19 земји од кои три се членки на НАТО

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали попустите за „Црниот петок“ ги оправдаа очекувањата?

  • да
  • како каде
  • не
Резултати