Во археолошкиот локалитет Стоби откриена Јужната пoрта, втор влез во градот

Петар Печков

Завршија  годинашните истражувањата на јужниот бедем и јужната порта од археолошкиот локалитет Стоби. Стручните лица, археолози предводени од Јован Радњански открија новини, на простор кој не е истражуван една деценија.

Со годинешните истражувања речиси целосно е откриена Јужната порта која претставува втор досега откриен влез во градот. Портата била во функција во периодот од 1-виот до средината на 6-тиот  век од н.е., по што била заѕидана од новоизградениот јужен бедем. Истражувањето на јужниот бедем и т.н. Јужна порта на градот фрлија светло на простор од градот кој археолошки не е истражуван 10 години  - пишува во информацијата на НУ Стоби.

Археолошките истражувања беа спроведени во периодот од јуни до октомври  годинава, во рамки на проектот за конзерваторско- реставраторски работи на јужниот бедем и јужната порта во Стоби. Оваа активност е финансиски поддржана од  Министерство за култура во рамките на годишната програма за проекти од национален интерес за културата.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

  • зголемување на казните за не носење маска
  • затворање на одредени градови, општини со голем број заразени лица
  • повторно воведување полициски час
Резултати