Петар Печков
Објавено: вторник, 05 мај 2026
Се запалила површина каде има поставено фотоволтаични панели. Местото било во атар на Општина Росоман. Деталите од информацијата на велешката полиција.
„На 4 мај во 15:40 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека во место викано „Чаир“, во атар на општина Росоман, настанал пожар на трева кој зафатил површина на која има поставено фотоволтаични панели, сопственост на правни лица од Скопје“ – соопштија Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол на СВР Велес.
Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Кавадарци. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, кој треба да ги открие причините за пожарот.
фото интернет
